Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР: Во наредниот период Бучковски ќе има чести патувања на релација Скопје – Софија

Од Министерството за надворешни работи (МНР) информираат дека министерот Бујар Османи со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева неделава договорил во текот на претстојните денови двете страни да разменат предлози во однос на Акцискиот план.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во оваа насока очекувано е специјалниот претставник Владо Бучковски во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија.

„Улогата на Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства“, се наведува во соопштението.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, претходно во телевизиско интервју изјави дека Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако потпише анекс од 12 точки што го доставила бугарската страна.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК