Фејсбук статус на вицепремиерот Љупчо Николовски:
Ова се моите топ 5 професионални приоритети за новата 2021 година на кои сум посветен, во интерес на граѓаните и нашата татковина:
1️⃣. #Акција21 за европски стандарди дома, со фокус на:
• прочистување на судството!• бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот!• мерки против Ковид 19!• зголемување на транспарентноста на функционерите!• одговорност на секого пред законот!
2️⃣. Имплементација на препораките од #ГРЕКО! Можеме да бидеме држава на чесни политичари и ќе го покажеме тоа.
3️⃣. Реализација на проектот „#Интероперабилност“.
Да го подигнеме нивото на безбедна размена на бази податоци помеѓу институциите и да ја зголемиме нивната брзина на делување.
4️⃣. Ефикасни институции за решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција.
5️⃣. Екипирање и дигитализацијата на истражните центри во Јавното обвинителство, што значително ќе придонесе во борбата против корупцијата.
Секако, продолжува интензивна координацијата помеѓу антикорупциските институции кои се одговорни пред Владата, во соработка со независните институции.
Заедно, со граѓаните, можеме да создадеме праведно и правично општество во кое секој што се огрешил пред законот ќе одговара!