Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Грк излетал од патот Прилеп-Градско, починал во болница

69-годишен грчки државјанин го загуби животот откако со својот автомобил излетал од патот Прилеп – Градско. Бил однесен во болница, но по кратко време починал.

-Вчера во 13.30 часот на патот Прилеп – Градско, во близина на с.Тројаци, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, излетало од патот, велат од полицијата.

Оттаму посочуваат дека по незгодата, А.Л. бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

ДЕСК

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ВО ДЕМИР ХИСАР: Пациент пронајден починат во психијатриската болница

ДЕСК

НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ КАЈ КИЧЕВО: Дваесет и петгодишник лишен од слобода

ДЕСК