10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ, дожд и снег низ Македонија – Meteocentar со детална прогноза

Следува период на претежно променливо облачно и врнежливо време. Нови врнежи наместа пообилни ќе има од вечерните часови и утре преку денот кога ќе се пообилни во јужните делови. Во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови.

Од среда ќе е малку постудено и во тој период врнежите на планините ќе се од снег, а снег може да повремено да провејува понекаде на западот и на повисоките места.

Во останатите делови врнежите ќе се од дожд.

Прогноза за 05.01.2021
Минимална температура: 1°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и особено во западните и југозападните делови ќе има појава на дожд, а на планините и на некои повисоки места на снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 06.01.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Понекаде на повисоките места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 07.01.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно претежно во западните делови и на крајниот исток со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Понекаде на повисоките места краткотрајно ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Последна сателитска слика

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +