На денешната седница за пратенички прашања, на која пратеникот Апасиев од Левица постави прашање во кое шпекулираше за наводно „купување на пратеници“, жестоко одоговри премиерот Заев.
„Срамота е што си дозволувате воопшто вакво прашање, секако дека негирам било каква инсинуација која што сакавте да ја постигнете. Вие го поминавте г.Мицкоски по рејтинг ама изгледа и мене сакате да ме поминете, кроткично, полекичка немојте така срцепарателно, полека. Вака не бидува лидер г.Апасиев, ако имате доказ директно во јавност ги вадите, не можете да кажете дали е вистина или шпекулација и ем ќе обвините ем ќе излажете а притоа ќе избегнете одговорност…Лидер вади докази и ги вади во јавноста, имаше такви, бомбите и сите доказни материјали кои лидер во опозиција ги вадел“, реплицираше Заев.
“Тоа е исто како јас сега да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресурси за време на последните избори логистички и материјални само да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасиме државата од Мицкоски и притоа да дадете директно одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме понатаму да продолжите да не поддржувате ако освоите пратеник а не вака. Така што вака поставени реторички прашања во делот дали е вистина или шпекулација нема да ве однесе на никакви лидерски позиции односно можете една убава идеја левичарска да ја подуништите која што на нас би ни дошла добредојдена од помош во сите левичарски амбиции кои што ги имаме но вака не. Ве гледам се борите, живогребно, сам сте и тоа е воред, но вака реторички никако не. Вака нема да постигнете ништо, заради тоа што ова никако не му личи на политичар, пратеник а на претседател на политичка партија никако.“, му порача Заев на Апасиев од собраниската говорница.