На 25.12.2020 во 08.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, од полициски службеници е лишен од слобода Ф.Ц.(19) од Р.Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ бидејќи истиот приложил германска лична карта на име T.Л.(20) од Германија.
Лицето е предадено на Одделение за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.