„Во време на пандемија успеавме да направиме четири пакети со економски мерки и сите неутрални анализи, независни, покажуваат дека со мерките се зачувуваат работни места и се помага на раналивите катогории граѓани. Ова е период во кој си помагаме едни на други за полесно да ја поминеме оваа фаза. И со четвртиот пакет мерки постигнавме солидни резултати, дури 58 000 работници ја користат мерката за минимална плата или тоа се за три месеци 170 000 плати. Тргна и исплатата по 6 000 денари диретно на сметката на граѓаните. До крајот на годината и почетокот на јануари разгледуваме и нови мерки. Она коешто ќе биде договорено со синдикатите и коморите, како и претходно што беше, ќе го дизајнира петтиот пакет. Прашувате дали ќе има нови пакети? Ако коморите и работниците кажат дека мерката е добра ние ќе ја поддржиме, ако предложат нови мерки кои се издржани, ќе излеземе во пресрет. Важно е да се дискутира со нив за да помогнеме во надминување на кризата.“- изјави премиерот Зоран Заев, во „Економски магазин“ на телевизија Алсат.
Потенцираше дека социјалниот дијалог е исклучително важен во овој период и дека Владата покажува слух за постојана соработка со работниците преку нивните синдикати и со бизнисмените преку нивните комори.
„Врз основа на социјалниот дијалог ги решавме сите ситуации. Не може ние да помагаме, а компаниите да испуштат работници, затоа реков социјалниот дијалог е важен. Покрај фирмите и синдикатите се во тој дијалог. Ние решаваме случај по случај само за да може секој до последен да ги искористи мерките на Владата, ако ги исполнува условите. Затоа и многу пати посредуваме административно за секој што има некаква пречка да ја надмине за да може да се пријави за некоја од мерките, значи имаме разбирање за сите.“- дополни премиерот Заев.