24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Шест пожарникари со хидраулични алатки го ваделе 26- годишниот струмичанец од смачканиот автомобил

Доцна синоќа струмичанец со својот автомобил марка „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во метален столб.

-На 22.12.2020 во 00.50 часот на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Панче Пешев“ во Струмица, С.Г.(26) од Струмица, управувајки моторно возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб- информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Струмичките пожарникари пак утринава објавија и фотографии од смачканиот автомобил и напишаа дека со специјални хидраулични алатки го извадиле лицето и предале на екипата на првата помош.