25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Нови цени на горивата: Нафтата поевтинува, бензинот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг.

„Поради растот на цени на нафтените деривати на светските берзи изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34%. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите* за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Од 22.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС -98​​​ 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​​ 53,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ 28,837 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 3,916%, дизелот за 2,841%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 3,412 % и кај мазутот од 3,348%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,369%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.