Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Заев: Воведуваме медиусмка и дигитална писменост во образованието – учениците и натаму ќе учат историја, географија, хемија и биологија

сакам да се осврнам уште еднаш на образовната реформа во основното образование и да укажам дека преку неа, во наставата ќе се вклучат наставни содржини кои се клучни за нашите деца, суштински за учениците да влезат подготвени во овој нов современ дигитален свет, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.

– Во образованието вклучуваме медиумска и дигитална писменост, содржини за антикорупција, екологија, но и содржини и часови по хигиена која се покажа како круцијална во борбата со Ковид. Се разбира, новите содржини не одат на сметка на постоечките. Учениците и натаму ќе учат историја, географија, хемија, биологија и се друго што е неопходно за нивните знаења. Но за оваа работа низ дебата ќе го избереме најдобриот модел, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК