25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, кажа Вучиќ.

Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.

– Ако продолжиме вака, и ако сме број еден во следните три години во однос на економскиот раст во Европа, таа разлика драстично ќе се намали, посочи претседателот на Србија.