24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска: Предметот историја не се укинува, туку се спојува во општествени науки, а биологија и хемија во природни

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека нема ништо спорно во спојувањето на предметот историја во општествени науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.

Прашана за најавите за спојувањето на овие предмети и реакциите на социјалните мрежи, таа рече дека не се укинува предметот историја туку се интегрира во општествените науки, а целта е децата да не помнат само факти, туку критички да размислуваат.

„Концепцијата е развојна, се базира на истражувања кои се домашни и меѓународни, но исто така и на анализа на добро поставени концепти за основно образование кои даваат одлични резултати кај учениците. Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден – како главни носечки, но и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот поставен како таков. На тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку и критички да размислуваат низ тематски пристап. Да го постигнат личниот потенцијал“, рече Царовска.

Таа апелира до учениците и наставниците да ги следат промените. Најави дека ќе има јавна презентација, а во моментот програмата е во фаза на дискусија.

Царовска истакна дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски, без да ги поврзуваат.