14. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: За три месеци санкционирани над 43.000 возчи, со контролите превенираме сообраќајни прекршоци, но и ја подигаме јавната свест

Секој кој ќе се најде во ситуација да одвои средства за да ја плати својата грешка во сообраќајот нареден пат ќе биде внимателен, ќе се посвети на целосно почитување на законските прописи, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во последниве месеци преку ефикасни, масовни сообраќајни контроли санкционирани се 43.170 возачи за сторени сообраќајни прекршоци. Тоа освен што влијае на превенирање на сообраќајните прекршоци, влијае и врз јавната свест. Ако граѓаните гледаат дека не се прават контроли тогаш опаѓа почитувањето на правилата од страна на сите учесници во сообраќајот, посочи Спасовски додавајќи дека од оние што се казнети не е голем процентот на тие што по втор пат направиле сообраќаен прекршок.