26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: И јас сум Македонец и ја чувствувам горчината, но должен сум да ја водам борбата

„ Точно е дека губиме, и Бугарија и Северна Македонија, но најмногу губи Европа ако се откаже од ова. Она кое што треба да биде јасно дадено до знаење е дека, друг пат освен патот кон полноправно членство во ЕУ нема, ние остануваме фокусирани целосно на тој пат но апсолутно знаеме до каде се разговара. Јас сум роден Македонец, сум израснат како Македонец, граѓаните кои ги чувствуваат овие горчини, ги предизвикуваат нашите чувства, ги чувствувам и јас секојдневно, иако сум одговорен и знам дека јас сум должен да ги отворам патеките, да го правам патот за да можеме навистина да градиме искрено пријателство.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во интервјуто на Топ тема на телевизија Телма.

Нагласи дека за танго се потребни двајца, алудирајќи дека Северна Македонија и Бугарија само со разум, разговори и соработка може да ги надминат несогласувањата.

„Тоа мора да биде двострано, од двете страни, мислам на пријателството. Дури и за танго се потребни двајца. Јас и ден денес, вчера се обратив со целата горчина, некој примети и тага во моите очи, во мојот однос, нормално човек сум, се приметува и тоа така и беше. Но, денеска продолжуваме нема како поинаку, продолжуваме да се обидуваме.“- категоричен е Заев.