„И претходно јас ја спомнав македонската жица од еден струмички поет, од еден македонски поет кој вели: „Можете да ми ја скинете жицата од гитарата ќе протегнам нова и ќе продолжам да свирам. Можете да ми ја скинете жицата на која што сопругата спростира алишта, ќе протегнам нова. Да пуштите ветришта по жиците којшто влегува во мојот дом, ќе го барам и ќе го најдам чарето. Можете да правите што сакате со која било жица, важна или неважна во мојот живот, но како Господ ве молам, не ја чепкајте жицата македонска, затоа што изгубен во времето ќе го барам семето одејќи по жица.“
Зошто? Тоа веројатно Бугарите за себе можат да го кажат, Германците за себе можат да го кажат, и тоа е така. Тоа е чувство, филинг, самоопределување кои сме, какви сме, со нашата посебна националност… Го зборувам тоа затоа што Бугарија вика, ние денес ја признаваме реалноста со македонскиот идентитет и јазик, дајте да се навратиме на минатото. Знаете како, и минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување. И затоа не е својствено да бара друга земја да ви испишува ваша сопствена историја, тоа не е ниту европски, ниту пријателски.“- порача македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервјуто за Утрински брифинг“.