25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Имаме историски исчекор кон европските вредности, но и поставени црвени линии за јазикот и идентитетот

„Во целиот овој процес губитник е Бугарија, но губитник е и Северна Македонија. На крајот на денот најголем губитник е Европската Унија, затоа што се посипа со пепел. Значи како да кажам, еве ги собравме сите важни награди од Европа за политичари, во понеделник ќе имам нова награда, таа од Хесен (германска покраина), повторно за европско лидерство, такви се наградите кои ги добиваме, за човекови права, за европски вредности…. Понатаму ќе следува уште една награда. Ова значи дека нашите политики се верифицирани пред се од европските институции, од самата Европска Унија.“- изјави премиерот Зоран Заев, во интервјуто за„Утрински брифинг“.

Сите награди за лидерството на Заев се потврда дека државата направила вистинскки исчекор во духот на европските вредности и дека за Сееврна Македонија не постои друг пат кон иднината, освен оној кон ЕУ.

„Направивме Договор за пријателство, прифативме заедничка историја внатре за да можеме да градиме заедничка иднина, покажавме европски вредности. Ги решивме меѓуетничките прашања дома, го затворивме Охридскиот рамковен договор, покажавме европски манири, европски вредности. Со Преспанскиот договор направивме историски исчекор во духот на европските вредности и европските манири. Јас сум благодарен на сите земји членки заради тоа што останаа на своите принципи. Германија посебно како претседавач со ЕУ целосно е насочена во овој правец. Денеска го потврдувам тоа, патот е тој, друг пат нема. Но, секако идејата е дека испишани се црвените линии, се знае до каде е воопшто возможно да одиме и да преговараме.“- дополни Заев во утринското интервју.