23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

(Видео) Државата дели помош по 6.000 денари за пензионери, самохрани родители, млади лица.. – Опфатени се 283.000 граѓани

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, изјави Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.

Таа кажа дека 27,6 милиони евра ќе им бидат доделени на 283.000 граѓани кои ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари за купување на домашни производи.

„Ова ќе ја зајакне приватната потрошувачка и дополнително ќе ја раздвижи економијата. Не успеаја блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, не успеа нивниот обид да се блокира оваа мерка во интерес на граѓаните и на домашната економија. Во време на сериозна светска економска криза и пандемија, ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него продолжува да се однесува неодговорно и на штета на граѓаните“, рече Николоска.