18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев се прости од Баге: Вечна му слава- нека почива во мир

Премиерот Заев на својот фејсбук приофил се прости од поранешниот министер за култура, актер и долгогодишен театарски работник Благој Стефановски – Баге кој вчера почина на 67-годишна возраст.

„Силно ме погоди веста за смртта на Благоја Стефановски Баге, омилен другар за неговите пријатели и исклучително креативен соработник зад кој останаа густо испишани страници од неговите многубројни активности.

Од театарската и политичката сцена си замина актер со исклучителен талент, член не семејство со докажани и врвни артистички традиции, кој остави длабоки и автентични траги во театарот, културата и во политиката како министер за култура.

Додека беше директор на Народниот театар во Битола, го претвори овој град во средиште и вруток на театарот и на театарските иновации во регионот и во Европа.
Ги освои сите можни награди на фестивалите во поранешна Југославија.

Неговата неуморна работа и посветеност внесуваа свежина и посебен дух кога беше во управните одбори или на чело на нашите најзначајни уметнички фестивали како „Охридско лето“ и „Војдан Чернодрински“.

Неуморно ги прошируваше своите и лимитите на театарскиот израз и организирање и се втурна и во истражување на независната сцена и го оформи и успешно го раководеше Мал драмски театар.

Вечна му слава. Нека почива во мир.“ напиша Заев на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +