7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со лажните вести што ги пласираат хистеричниот Мицкоски и ДПМНЕ работат против својата земја

Соопштение на СДСМ како реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕЧ

Со хистеријата од лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сакаат да ги срушат државните позиции. Тие се единствените што одработуваат за странски интереси и опасност за македонскиот народ.

Се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Исто како и соопштението во кое центарот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија. Тоа е ноторна лага, во целост ја демантираме.

Напротив, Република Северна Македонија има јасна, силна и широка меѓународна поддршка и помош од своите пријатели и сојузници. Еден од последните докази за тоа е и писмото од заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

ВМРО-ДПМНЕ е посветено само на лаги, деструкција и дејствување спротивно на интересите на граѓаните.
Нивните блокади на важни закони за граѓаните во Собрание, обиди да се блокира се што е во интерес на државата е потврда дека нивниот однос кон македонскиот народ е непријателски.

Затоа немаат доверба од граѓаните, затоа се во опозиција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК