7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Засилени контроли во Битола и Прилеп: 48 нерегистрирани возила, 34 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 183 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 86 санкции, меѓу кои, 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, седум санкции за правни и одговорни лица…“ соопшти Ангеловски. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

ДЕСК

Филипче со моќна порака до Христијан Мицкоски

ДЕСК

(ФОТО) Митингот на СДСМ започна – еве колку народ се насобра во Валандово

ДЕСК