Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Земјотресот кој ги вознемири скопјани сепак бил со појак интензитет

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција пред малку се коригираше и објави дека земјотресот кој беше почувствуван во Скопје во 14 часот и 9 минути по локално време, бил со јачина од 3,9 сепени според Европската макросеизмичка скала, а не 3,4 степени како што беше првично објавено.

Според наведената локација, епицентарот бил на 9 километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри.

Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор помал потрес.

Земјотресот силно беше почуствуван во Скопје, а дел од граѓаните излегоа и надвор од своите домови и работни места.

Можеби ќе ве интересира

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

ДЕСК

Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

ДЕСК

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

ДЕСК