23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Онлајн системот за настава е почеток на трансформацијата во образованието

„Ние не можевме да замислиме дека за 20 години ќе имаме онлајн образование, а сега на брза лента се реорганизиравме и успеваме да имаме солидна настава. Но, ваквиот систем има и предности за во иднина. Сега секој наставник и ученик има електронски профил, свој електронски иднетитет во системот за учење и ова дава ефекти за трансформација или промена кон современ систем. Тоа не значи постојано онлајн учење, но пристапот до метеријали ќе им биде поблиску на наставниците и на учениците. Секој наставник ке мора да научи како да искреира онлајн час, и на тој начин ќе имаме подготвени наставници за онлај учење и ученици кои се спремни да учат на тој начин.“- изјави министрката за образование, Мила Царовска, во интервјуто на социјалните мрежи.

Таа, покрај трендот на дигитализација во образованието, истакна дека владините заложби се насочени и кон средното стручно образование, како можност за производство на генерации потребни на пазарот на трудот.

„Денеска на владина седница требаше да доделиме девет стипендии за ученици електро-техничари, но имавме добиено 23 апликации и ние одлучивме да ја зголемиме бројката на стипендии за да може секој што сака да биде дел од стручното образование, ние да му помогнеме. Овие ученици треба да се добриот пример за сите кои се заинтересирани да се охрабрат и да започнат со учење. Струката има перспектива. Ова стручно образование треба да се спроведе дуално, односно праксата на учениците да биде во компаниите и така тие да си го спремаат идниот кадар. Тоа се случува со германските инвститиции во нашата држава и дава одлични резултати. Затоа би апелирала до сите наши компании кои можат да вклучат паралелелки кои се активни во средните стручни училишта.“- изјави Царовска.