Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николов: Затворен базен за сите ученици во Штип, ќе се реновираат поголем број училишта

„Направивме тим од стручни лица кои што ја изработија програмата за локалните избори во Штип, ги видовме сите ситуации во образованието и направивиме план каде можеме да интервенираме. Ќе го реновираме кровот на ОУ „Гоце Делчев“, кровот на гимназијата, реновирање на дворната површина во ОУ „Димитар Влахов“ и ќе поставиме спортски реквизити, акцент ќе ставиме во училиштето „Тоше Арсов“, каде ќе правиме санација на санитарниот чвор… Нашите ученици заслужуваат најдобри услови и ние тоа ќе им го овозможиме.“- ги најави своите проекти во образованието, кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, во интервјуто на социјалните мрежи.

Тој дополни дека покрај образованието, за раст и развој на секоја личност потребна му е физичка активност, па затоа најави инеколку интервенции во подобрување на условите за спортистите.

„СДСМ и Владата мислат на иднината на младите. За прв пат во историјата ќе имаме затворен базен во Штип, ќе биде наменет за сите ученици од основното и средното образование, а после часовите ќе биде отворен за граѓаните. Таму, во состав на базенот има и игралиште. Ќе се реновираат спортски терени, и генерално за проектите за кои зборувам парите се обезбедени. Ќе настојуваме да имаме места и за професионалните спротисти, ќе се реновира салата „Тоше Арсов“, потоа уште една спортска сала. Сепак зборуваме за мандат од 10 месеци, мандат кој што е краток, но она што е приритетно ние ќе го реализираме.“- увери Николов.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ДЕСК

Министерот Клековски најави нови проекти во здравството и се осврна на клучните приоритети – поголема достапност на лекови, реформа на ИМП и дигитално здравство

ДЕСК

Јаневска: Поголема безбедноста на младите во сообраќајот преку координирано делување на училиштата, институциите, семејствата, граѓанскиот сектор и локалните заедници

ДЕСК