7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Охрид во тага: Почина уште еден доктор од ковид 19

Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, денеска во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник, Драган Спасески Охридски, објави Ohridnews.com.

Драган Охридски беше исклучителен професионалец и почитуван во професијата, врвен интелектуалец. Автор е на бројни уметнички дела, кои биле излагани во земјата и странство, како и проза и поезија. Беше голем поддржувач на уметноста и уметниците, широко отворајќи ги вратите за уметничките души на неговата галерија „Резонанца“ каде се реализираа бројни изложби. Автор е и на повеќе уникатни ентериери на хотели и угостителски објекти, кои ги красат негови дела, пишува Охридњуз.

Д-р Драган Спасески Охридски, ќе биде погребан утре во 13.30 часот на градските гробишта во Охрид, во согласност со ковид протоколите, информира Ohridnews.com.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК