16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ОВА Е ТРАСАТА: Поради ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе биде блокиран сообраќајот речиси низ цело Скопје

Внимателно утре околу 12 часот на скопските улици. ВМРО ДПМНЕ на следнава траса од 12 часот и 30 минути планира протест, а овие улици ќе бидат блокирани за движење со автомобили, како што беше примерот изминативе денови кога се создаде сообраќаен метеж и нервоза кај граѓаните.

Покрај ова засега е непознато дали ќе има и собир на граѓани, како што имаше вечерва во повеќе градови, каде групи од по неколку десетици граѓани протестирајќи ги прекршија здравствените протоколи, а со тоа во опасност го ставија своето и здравјето на граѓаните.

Трасат, која ја објави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ, кој бара оставка од премиерот Зоран Заев и владата која нема наполнето ниту 100 дена од превземањето на функцијата, е следна:

– Чувствувате срам поради изјавите на Заев? Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите? Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Македонија се обединува против Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава. Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно – бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше. Скопје ја сака слободата која е скапо платена и Скопје протестира. Повикувам на сенароден протест утре, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ “Борис Трајковски” во Општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” во Општина Аеродром. За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!, порача Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Спонзорирано: