24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Можноста за онлајн работа е за функционално Собрание, ВМРО-ДПМНЕ да каже дали е за блокирано

Одговор на новинарски прашања, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

П: Точката за измени во Деловникот за гласање електронско е ставен за четврток на пленарна седница, дали има некаква проекција колку би чинело ваквото софтверско решение и дали се уште разговарате со опозицијата и очекувате ли поддршка?

За првото прашање упатувам да побарате одговор од Собраниските служби, затоа што јас не знам дали станува збор за софтверско решение или се работи за веќе постојната техника во Собранието и ако треба нова не знам колку тоа би чинело. И оттука за ова прашање одговор може да дадат надлежните служби во Собранието за оваа работа.

Во однос на тоа дали разговараме со опозицијата, не. Знаете дека вчера не присуствуваа на координација, јас не сум се сретнал се уште за да ја знам причината за нивното не присуствување, она што видов од медиумите е наводно дека бил пратен Деловникот без претходна консултација. Прво, искрено не можам да поверувам дека е така затоа што за Деловник и за алтернативни начини на работење во Собранието за време на корона вирус, зборуваме уште од Конститутивната седница, значи 4 месеци на секоја координација, посебно претседателот Џафери го отвора прашањето за барањата за алтернативни начини на работа. Што значи запознаени беа и со текстот на Деловникот, сега доаѓаме до еден клучен момент во време на носење на одлука и сега треба самите да одлучат дали сакаат функционално или блокирано Собрание, сакаат Собрание како што работат во целиот свет или сакаат политичка деструкција и на крајот треба да одлучат дали им се пред се интересите на граѓаните или интересот на тесното партиско раководство, сега е периодот на носењето на одлука нека го кажат својот став.

П: Дали можете сами да го донесете без опозиција?

Ако вратиме она што се случувало наназад, 2008 и 2013 година кога се менувал Деловникот и ако се сеќавате последен пат во 2013 година Деловникот бил менуван кога опозицијата била надвор од Собранието. Јас во целосниот период наназад цело време повикувам да обезбедиме консензус затоа што станува збор за носење на Деловник и треба консензус како што го прават сите демократски земји и цело време или нема одговор или дека е против уставен. Сега пред граѓаните треба да кажеме јасно или сме за ова или сакаме блокирано Собрание.