11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: И вгодина ваучери од по 6.000 денари за домашен туризам за граѓаните

Мерката ваучери за домашен туризам ќе продолжи и следната година за што веќе се обзбедени средства во предлог-буџетот на Министерството за економија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија “И што сега“ на Националната телевизија.

Министерот кажа дека досега се искористени 46.000 ваучери за домашен туризам, а податоците од Државниот завод за статистика за раст на бројот на домашни туристи во август и септември покажуваат дека мерката ги дала очекуваните резултати.

„Согласно Уредбта која што ја донесе Владата рокот за искористување на ваучерите за туризам кои ги доделивме во јули истекува на 15 декември, бидејки овие средства беа предвидени во Буџетот за 2020 година и средствата мора да бидат исплатени до 25 декември. Но, во предлог – буџетот за 2021 година предвидовме средства за да продолжи мерката за ваучери за поддршка на домашниот туризам, по барање на туристичкиот сектор. Мерката ќе се продолжи, но можеби тоа нема да биде во јануари, тоа би можело да биде веќе во вториот квартал, односно во април. Но, во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства за оваа мерка и за следната година“ кажа министерот Бектеши.
Министерот потенираше дека секторот туризам и угстителство беше најпогоден од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, затоа и најголем дел од мерките во сите четири сета кои што ги донесе Владата за поддршка на економијата беа креирани за поддршка токму на овој сектор.

“Ваучерите во вредност од 6.000 денари беа неменети за граѓани со ниски приходи за поддршка на домашниот туризам, а истовремено имаше и платежни картички во вредност од 3.000 денари кои што можеше да се користат во домашните угостителски и хотелски капацитети. Досега се искористени над 46.000 ваучери, а граѓаните имаат уште еден месец да ги искористат и ги повикувам да ги искористат што помасовно се со цел на тој начин да го поддржат секторот“, потенцираше Бектеши.

Спонзорирано: