1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре би можело да се прогласи кризна состојба – неделава се очекуваат и нови одлуки за мерки од Владата

Утре на Советот за безбедност би можело да се најде и темата за прогласување на кризна состојба, како една од опциите за справување со ковид кризата.

Седницата на Советот за безбедност која денес ја свика Претседателот Стево Пендаровски за утре напладне ќе биде во проширен состав, а таму ќе присуствува и минстерот за здравство Венко Филипче.

Неофицијалните информации велат дека Владата ќе побара воведување кризна состојба за да може да се зголеми ангажманот на припадниците на АРМ пред се во одржување на редот и техничка подршка на болниците и клиниките каде последниот период има зголемен број на пациенти со Ковид.

Сепак со прогласувањето на кризна состојба, тоа не значи дека веднаш следува и полициски час.

Владата деновиве,најдоцна до крајот на неделава ќе одлучува за нови мерки.

Полицискиот час се споменува како крајна мерка, а деновиве оваа тема ја отворија и министерот Филипче и премиерот Зоран Заев.

Според Заев подобри резултати полицискиот час би дал доколку биде од 17 или 18 часот, а не од 21, со оглед дека ионака се затворени угостителските објекти во тоа време.

Од Владата денеска изјавија дека сите опции за справување со вирусот се отворени.

-Сите опции за справување со Ковид пандемијата се отворени, Владата на вчерашната седница не разговараше за вонредна состојба, но не се исклучува после состанокот на Советот за безбедност Владата до крајот на неделата повторно да одржи седница на која би се донеле нови мерки, изјави Муамет Хоџа, портпарол на Владата.

Денеска беа регистрирани рекордни 1406 новозаразени од ковид 19, а починаа 21 лице.

Министерството за здравство соопшти и дека минатата недела бројот на смртни случаи се зголемил за 35 проценти во однос на претходната недела.

Можеби ќе ве интересира

Одржана втората седница на Советот за безбедност

ДЕСК

ВЛАСТА НАЈАВУВА ТРАЈНА КОНФИСКАЦИЈА НА ВОЗИЛА ОД 2026-ТА ЗА БЕЗОБЗИРНИТЕ ВОЗАЧИ: Нивните макотрпно заработени возила ќе бидат донирани по министерства и државни институции

ДЕСК

Функција наместо кауза – Ралев ги погази сопствените вредности

C +