23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста со нивниот кадар Трајковски со Минка ДА, партнерот на Мицкоски

Наместо лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста со нивниот кадар Трајковски со Минка ДА, партнерот на Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ:

Наместо да шири лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат на прашања важни за граѓаните, откако се дозна дека парнерите на Мицкоски ви хидроцентралите, Минка ДА, земала кредит од Евростандард банката.

Каква е врската на кадарот на ВМРО-ДПМНЕ од УЈП Горан Трајковски со бизнис партнерите на Христијан Мицкоски, Минка ДА?

Имајќи предвид дека токму Трајковски беше дел од Управниот одбор на „Еуростандард Банка“.

Под кои околности е доделен кредит на Минка ДА од страна на „Еуростандард Банка“?

И дали продажбата на бензинската пумпа во сопственост на Минка ДА во Струмица случајно е пред прогласениот стечај на банката или намерно, велат од СДСМ.