22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Секој ден имаме молби од граѓани за да кажеме какви проблеми имаат по болниците

Здравството, сите клиники и болници низ државава се во катастрофална состојба, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Црниот биланс е 1.212 починати до вчера, односно 606 починати на еден милион жители, што не вбројува во земјите со највисока смртност“, истакна тој, додавајќи дека вина за ова може единствено да му се препише на министерот Венко Филипче кој, како што кажа, не овозможува услови и не менаџира добро со справувањето со епидемијата.

„Секојдневно имаме десетици очајни жалби и молби од граѓани јавно да кажуваме за третманот кон нив од страна на надлежните и директорите на болници, каде што не ги примаат на лекување пациентите со тешка клиничка слика, бидејќи нема простор повеќе. А просторот не можат да го обезбедат граѓаните, туку просторот и условите треба да ги обезбеди министерот Филипче. Но, нему баш му е гајле, поважна му е политиката и политичките препукувања“, рече партискиот портпарол.

Во неговото денешно обраќање тој презентира и слики за тоа во каква состојба се наоѓа Клиничкиот центар во Скопје.

„За другите градови и не морам да говорам, таму сами директорите поставени од Филипче молат за помош преку социјални мрежи и бараат јавни донации за болнички возила и останати услови“, рече Арсовски.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК