23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Измамници од Виница продавале тестови за коронавирус

Една фирма и две лица од Виница се осомничени за продажба на лажни тестови за коронавирус.

Според информациите на МВР, вчера, по добиени сознанија дека лица од Виница вршеле незаконска продажба на несоодветни брзи тестови за детекција на Ковид-19, било утврдено дека лицата В. П. (35) и М. А. (46), двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница, нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови за коронавирус.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело незаконито земање и користење генетски и биолошки материјал, бил извршен претрес во домот и други простории, при што во домот на В. П. пронајдени се седум кеси со натпис „Ковид чек ТМ“ и едно шише од 2 мл со течност со натпис „буфер“, кои се одземени.

МВР апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица, кои се матични лекари или епидемиолози на Институтот или на Центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.