27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Приведени уценувачи, барале пари од девојка да не објават компромитирачка содржина

Денеска (09.11.2020) по добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.