22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи Премиерот Заев – Ова се мерките и проектите кои следуваат по ребалансот на буџетот

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Со веќе усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, обезбедуваме 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки 🗃, за поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19.

🏗 Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава:
✅ Скопје – Реконструкција на Универзална сала
✅ Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна
✅ Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона
✅ Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол
✅ Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов
✅ Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО
✅ Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад
✅ Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста
✅ Штип – Конзоли за пешаци
✅ Валандово – Изградба на пат Чалакин-Татарни
✅ Прилеп – Улица Кеј Први Мај
✅ Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка
✅ Демир Капија – Изградба на канализација
✅ Чаир – Систем за водоснабдување
✅ Тетово – Цевки за систем за водоснабдување
✅ Сарај – Канализациона мрежа
✅ Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица
✅ Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток
✅ Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.

🇲🇰 И во време на светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува.