Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Николовски за ТВ Стар: Со нашиот фокус за етичкото однесување во институциите и во партијата, ќе имаме подобро општество и ќе одработиме за државата

Избработивме нов етички кодекс во кој се вградени многу нови елементи, кој не ги опфаќа само членовите на Владата, министрите, туку и сите други функционери назначени од Владата, а интенција е да важи и на локално ниво, да ги отвирме сите инститции, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во интервју за штипската телевизија Стар.

Во Кодексот се пропишани основните принципи на однесување на носителите на јавни функции, обврските, за објавување на сите извештаи за работењето, а неисполнувањето покренува политичка и морална одговорност, нагласи Николовски.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Тоја истакна дека функционерите се лицето на државата, а во изминатиот период ова лице премногу е извалкано со арогнација, неотченост нетранспарентност, незаконско работење и други појави кои мора да ги откоренуваме во општетсвото.

Ова е кодекс за однесување не само во владата туку и во партијата, каде донесовме низа инструменти, со кои надзорниот одбор доби зголемени ингеренции за контрола и санкционирање на нетичко однесување на функционерите, исто како што етичкиот кодекс на владата ги дава инструментите и неколку мерки, кои премиерот може да ги изрече и веќе ги употреби како барање за оставка,проследување до надлежните иснтутици, разрешување.

Тој додаде дека институциите треба да си ја завршат својата работа, но заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски вршеа промени на сите во државата, со една одлука се сменија 2.000 луѓе пред десетина години, тоа е арогнанто однесување, кое ја врати државата години наназад.

Со нашиот фокус на етичкото однесување, ќе имаме подобро општество и ќе одработиме за државата, порача Николовски.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ СУДСКИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СОПРУГАТА – Приведен 56-годишник во Кичево

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД – Приведен 26-годишник со бела прашкаста материја

ДЕСК

ГИ НАПАДНАЛ МАЛОЛЕТНИТЕ ДЕЦА И ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО – Приведен 40-годишник во Кочани

ДЕСК