Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен, велат од СДСМ.
– Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници.
Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје.
Нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укина евтината тарифа и за 100 отсто ја зголеми цената на струјата, додека си тераше бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.
Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада.
Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.