Полицијата приведе 28-годишен жител на Тетово осомничен дека извршил петнаесеттина тешки кражби.
Според информациите на МВР, полицијата, вчера, околу 11.50 часот, на улицата Браќа Миладинови во Тетово, го привела 28-годишниот тетовец Ш. И. поради основано сомнение дека е извршител петнаесетина тешки кражби.
Тешките кражби во најголем број биле извршени во колонијални продавници од почетокот на овој месец досега, претежно во Тетово и околните села Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други.