23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Државата ќе издвои 54 милиони денари како награда за здравствените работници

Со ребаланост на буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници што се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Како што додаваат од таму, парите ќе бидат наменети за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во другите градови во земјата.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството. Преостанатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот ‘ремдесивир’, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи“, се наведува во соопштението.

Од Министерството појаснуваат дека предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат и четвртиот сет мерки.