7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево со температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК