15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Одреден притвор за кумот на Никола Груевски

Постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска беше спроведен Р.Н. заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 вв. со чл. 45 од КЗ, информираат од Кривичен.

Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот како и произнесување на одбраната и обвинителството донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, велат од Кривичен суд во соопштението до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК