Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:
Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Илјадагодишната традиција и придонесот во негувањето на духовното и културно историско наследство, грижата за уметничките реткости и постојаните социјални и хуманитарни активности на монасите од Бигорскиот манастир се длабоко втемелени и се дел од историјата на македонскиот народ. Со своето значење и убавина манастирот е значаен дел и од светското културно наследство.
Во мое и во име на Владата, уште еднаш упатувам честитки по повод исклучителниот јубилеј – 1000 години од основањето од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до епископот Антаниски г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до монасите од манастирот, до Синодот и свештенството на МПЦ-ОА, како и до сите припадници на православното христијанство во чии срца овој манастир има посебно место.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10159114126437932?__cft__[0]=AZVNV4UKDi756YiLJ37U9hF3rQasKSYsKBmSTUfh1HyzjWghSCdVXiQS6AeOM8Gxgmq9uOKmNNzVcV6VkJO_Tn1349yKWqwc4II4yg0MnqJUv54oFjRl5Qr1XY7MMG6whJWVwaDJp-VeLVmC8qQNB3mGeuzSUZ_bUxael_4HySWbutXTOPT9U1tyDGSJt0-t3Nc&__tn__=%2CO%2CP-R