Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Реконструкција на атмосферската мрежа на булеварот 8 Септември

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје извршија реконструкција на атмосферската мрежа со профил ф200 во должина од 70-ина метри на булеварот 8 Септември.

Со овој зафат се дејствуваше на подобрување на функционалноста на атмсферската мрежа и се овозможи нејзино непречено функционирање.

Потребата за изведба на реконструкцијата на атмосферската мрежа се јави по нејзиното затнување како резултат на преплетување корења. Во текот на активностите поправени се 7 сливници и старите салонитни цевки се заменети со нови пластични, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце!

ДЕСК

Максим Димитриевски, едвај и за влакно победи во Куманово – разликата минимална, новите ветришта допрва доаѓаат

ДЕСК

УРБАНИОТ ЦЕНТАР И’ ПРКОСИ НА ВЛАСТА: Горан Герасимовски убедливо победи во најурбаната и најмоќната општина во Македонија

ДЕСК