22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Ѓорѓевски: Пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ „шамарите“ од Центар да ги спроведе во Ѓорче Петров

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво знае само за деструкција и лажни вести. Вчера, ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров на седницата на Советот на Општината се обиде, но не успеа, да предизвика физичко насилство по примерот на ‘шамарите’ од Центар“, изјави Александар Ѓорѓевски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.

Според него, членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, затскриени зад наводна граѓанска иницијатива во спрега со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со навреди и викотници упаднаа на седницата со единствена цел да ја попречат работата на Советот.

„Јавно објавени фотографии докажуваат дека фамозната иницијатива е партиска, а не граѓанска, како што лажно се претставуваат. Впрочем, од оваа фотографија може да се види дека извесен Горан, предводник на иницијативата, е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски и Бојан Стојаноски.

И неговата придружба, исто така наводно загрижениот граѓанин Борис Шамбевски е новоизбран член на Извршниот комитет на УМС. Ете така ВМРО-ДПМНЕ ги замислува граѓанските иницијативи, како партиски испостави. Така ја замислува демократијата, преку насилничко и недолично однесување на советничката Марија Андоновска, нова членка на Извршниот комитет на Мицкоски, а за која јавноста слушна како Груевски и Јануколовска се ангажирале за да се вработи. За 12 години власт, ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров направи запоставена, задолжена и заборавена општина. Денес, како опозиција, оваа партија не може да се помири што во Ѓорче истовремено се реализираат 7 капитални проекти, што општината расте и се развива. Затоа, очајното ВМРО-ДПМНЕ го прави она што единствено го знае – шири лажни вести и создава тензии. Колку навистина се грижат за граѓаните, говори фактот што веднаш по метежот што самите го направија, го напуштија Советот, без да присуствуваат на суштински точки, како што се проширувањето на буџетот и обезбедување средства за асфалтирање улици.

ВМРО-ДПМНЕ не е мрдната ниту милиметар од режимско-насилничката матрица, но колку и да не им се допаѓа, општина Ѓорче Петров оди напред. Нивните деструкции, закани и лажни вести нема да го спречат напредокот. Како одговорна партија СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, во интерес на Ѓорче Петров“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Одбележана 100-годишнината од убиството на Ѓорче Петров

M T

Во Ѓорче Петров 205 казни во сообраќајот

CENTAR MKD