Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познати деталите за трагедијата во Скопје – Загина мотоциклист

На 11.10.2020 во 12.30 часот во с.Трубарево, скопско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „баутијан“, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата.

Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Јавно Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања

ДЕСК

Сиљановска-Давкова гласаше на вториот круг од локалните избори 2025 година

ДЕСК

2 ноември – Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите

ДЕСК