Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола: Судир меѓу мотоцикл и автомобил, едно лице итно во болница

На 11.10.2020 во 13.50 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на бензиска пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од с.Канатларци, прилепско, и мотоцикл „сузуки“, без регистарски ознаки, управуван од Х.Н.(25) од Прилеп.

По незгодата, Х.Н. е пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК