12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Теша сообраќајка на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ – петмина повредени

На 11.10.2020 околу 13.10 часот во Скопје, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) и мотоцикл „агуста“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.И.(24), и двајцата од Скопје.

Во незгодата, М.И. и сопатникот од мотоциклот П.А.(22) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а И.А., Ј.С.(25) од с.Грчец и уште еден малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген голф“, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршен.