8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шилегов со честитка по повод 11-ти октомври

Драги сограѓани, Ви го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение, се вели во честитката на скопскиот градоначалник Петре Шилегов по повод 11-ти октомври.

– Денес, после 79 години од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, имаме со што да се гордееме. Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Македонскиот народ тогаш успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои кои ги положија своите животи за нашата татковина.

Нека ни е за многу години денот и уште долго да ја славиме слободата, рече Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Платите на хигиеничарите речиси двојно ги зголемивме, набавуваме и нова механизација за чист Центар

ДЕСК

Герасимовски: Парк кај Зелен пазар, реконструкција на вториот дел на Ленинова и модернизација на 30 улици и пјацети

ДЕСК

Герасимовски: Во Центар ја создадовме новата граѓанска култура и вистинската центарска приказна

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.