23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на одбележувањето на независноста: Северна Македонија е 30-та полноправна држава членка на Северноатлатската алијанса, како и земја, која е на пат за членство во Европската Унија

Уште во самиот почеток граѓаните недвосмислено го посочија патот по кој треба да се движи македонската државност. Тоа е европскиот пат, патот кон демократските вредности. Ова подразбира вклученост и активно учество на граѓаните во политичките процеси, но и интегрираност во меѓународните институции и иницијативи, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев по повод денешното одбележување на независноста.

Денот на независноста, 8 септември 1991 година, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и Европската Унија. Денес Република Северна Македонија е 30-та полноправна држава членка на Северноатлатската алијанса, како и земја, која е на пат за членство во Европската Унија, рече Заев.