16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Самостојноста и самотијата не одат рака под рака – Денеска, 29 години од прогласување на самојстојноста, татковината има најмногу пријатели!

Во изминатиов период поради мерките сите се свртевме повеќе кон домот, а со тоа и кон себеси и најблиските. И со тоа преиспитавме многу свои ставови и чувства, изјави премиерот Зоран Заев на денешното одбележување на денот на независноста.

– И јас, како и сите говорници во видеото, се запрашав што ми значи Денот на независноста, химната, што ми значи слободата.
Добро го паметам 8 септември 91-та, Денот на референдумот за независноста. Засекогаш ми се врежани во глава сликите од прославата на Плоштадот Македонија и зборовите со кои претседателот Глигоров ни ја честиташе државата. И татнежот на македонската химна. Најубавата химна на светот, вели Заев.

Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок – Независноста на државата.

Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни.

Стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја. Идеал, кој за многу генерации беше само мечта. Пред речиси три децении, после 46 години државност во рамките на сојузот на поранешните југословенски држави, на 8 септември 1991 година независноста на нашата држава стана реалност.

Токму нам, на сегашните генерации ни припадна привилегијата, но и одговорноста да ја освоиме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава, затоа што државата и општеството се независни и слободни толку колку што е независен и слободен секој граѓанин на Северна Македонија.

Крушевска република беше временски краткотрајна, но со трајни историски вредности и наследство. Народна, а потоа и Социјалистичка Република Македонија, беа круната на вековниот процес за создавањето на македонска државност. Сите големи и преломни историски процеси и настани на нашата државност и независност беа проследени со борба за слобода, правда, еднаквост и солидарност. А оваа борба против сите форми на репресии, неправди и против фашизмот, е во темелот на македонската државност.

Како држава која е создадена со праведна борба, како држава која достоинствено и без насилство ја освои и својата независност и низ годините успеа да остане на демократскиот пат, нашата земја се стекна со посебен углед во светот и се стекна со доверба за да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западно-европскиот демократски цивилизациски круг.

Самостојноста и самотијата не одат рака под рака. Денеска, 29 години од прогласување на самојстојноста, татковината има најмногу пријатели!
Благодарение на тоа, годинава со кренати чела, СЛОБОДНИ И ОТВОРЕНИ КОН СВЕТОТ, ЈА СЛАВИМЕ НЕЗАВИСНОСТА, рече Заев.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Украина во војна одбележува 31 година од независноста

M T

Заев во чест на 30-годишната независност: Северна Македонија е земја на можности, ја кренавме на цврсти столбови

M T

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD