Скопскиот градоначалник Петре Шиелгов на својот фејсбук профил објави дека Градот започнал со контактирање на граѓаните кои аплицираа на повикот за субвенции на инвертер климите.
– Дел од вас ќе добијат е-меил и телефонски повик со инструкции за терминот и локацијата на која ќе можат да ги достават старите и дотраени печки. Бидејќи се работи за голем број на апликации кои треба да се обработат, замолувам за трпение и разбирање за времетраењето на овој процес. Комисијата ќе ги контактира граѓаните кои аплицирале редоследно, според датата и времето на аплицирање. Првопријавените ќе бидат контактирани уште во текот на следната недела, но контактирањето нема да престане додека не биде исконтактиран и последниот пријавен на повикот-напиша Шилегов.
https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/2604560283206831