20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Скопјани до 30 ноември може да аплицираат за субвенции за чистење на оџаците

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Оваа година градските власти имаат предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции.

Со оваа мерка Градот ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 1 јануари годинава, a Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следниот линк.